Џенова кон Пандев: Симбол и гордост на твојата Македонија, честитки!

by fokus

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев синоќа го одигра својот 100-ти натпревар за националниот тим.

Селекцијата на Игор Ангеловски ја совлада Летонија со 3-1, а несомнено Пандев беше еден од најдобрите поединци на теренот.

По повод неговиот јубилеј и тимот кај што игра Пандев, Џенова, испрати пофална честитка за нашиот репрезентативец.

„Честитки Пандев, извонреден фудбалер и човек. Симбол и гордост на твојата Македонија. Ти го заслужуваш аплаузот на целиот интернационален фудбал“, велат од Џенова.

Поврзани новости