Раштиман оркестар пред Министерство за култура: „Културата не ви ја трпи тортурата“

by Фокус

Синдикатот на културата во Македонија денеска оргазнизираше протест пред Министерството за култура под слоганот „Културата не ви ја трпи тортурата“. Од Синдикатот велат дека вработените во институциите од културата се деградирани како никогаш досега, колективни договори нема, условите се лоши за работа, а власта по брза постапка наметнува измени во Законот кои дополнително ја деградираат фелата.

Пред Министерството беше изведен перформанс на раштиман оркестар со кој симболично беше претставена состојбата во културната дејност денес.

-Нашите барања како синдикат се стопирање на измените во Законот за јавен сектор, во првите сто дена од новиот парламентарен состав. Доколку не се случат промени синдикатот стапува во штрајк. Покачување на платите во културата на носители на дејност да биде минимум две просечни републички плати, ако мислите дека кај конзерватор, археолог, доктори на науки е доволно и достоинствен статус со 18 -19 илјади денари меѓу кои и хорот и балетот, сте се излажале дека ќе опстоиме, рече Виктор Илиески, претседател на Синдикатот на културата.

 

Поврзани новости