Рашковски ги кани на прес конференција Василевска од ВМРО-ДПМНЕ и службеникот кој наводно го наместил

by fokus

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, утре ќе одржи прес конференција во врска со снимениот разговор кој беше објавен во медиумите, каде се договара набавка на радарски систем. Рашковски на прес конференцијата ги покани Иванка Ина Василевска Македонска од ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот директор на техника во МНАВ, Климент Чепуњовски, кој како што тврди Рашковски наводно го наместил, како и новинарот Горан Момировски.

„Утре, 2.7.2019 година со почеток во 12 часот ќе се одржи прес конференција околу снимениот разговор од состанокот со претставници на МНАВ, италијанската компанија Леонардо и претставник од Министерството за транспорт и врски.
Со оглед на обвинувањата и други видови на напади, корекно е на прес конференцијата да присуствуваат и: Иванка Ина Василевска Македонска, Климент Чепуњовски и Горан Момировски. Бројот на прашањата кои сакаат да го постават е неограничен“, порача Рашковски.

Во меѓу време Василевска ја одби неговата покана и побара обвинителството да му одреди мерка притвор поради, како што рече, опасност од бегство.

-Република Македонија е сериозна држава, ова не е банкет држава ниту гранап држава ние да си се повикуваме едни со други, ова не е лична пресметка. Станува збор за криминал кој што треба да оди на штета на даночните обврзници, т.е. на граѓаните на Република Македонија, така што мислам дека колегата Рашковски има каде соодветно да си ги брани своите позиции и да ја докажува својата невиност – изјави денеска Василевска.

Поврзани новости