487
Во конкуренција на неколку кандидати, премиерот Зоран Заев за нов генерален секретар на владата го избра универзитетскиот професор Драги Рашковски, а за шеф на кабинет Мирјана Јанева, велат од владата.
Рашковски е доктор на правни науки, кој е вклучен од самите почетоци на спроведувањето на ЕКТС како негов одговорен администратор.
Јанева, пак, доаѓа од Општина Струмица и важи за човек од доверба на новиот премиер, кој беше долгогодишен градоначалник на Струмица.