ВМРО-ДПМНЕ: СЈО му служи на пропагандата на СДСМ

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш обвини дека СЈО функционира како партиска експозитура на СДСМ во правниот систем и дека предметите кои ги води ова обвинителство не се ништо друго туку реализација на политичките нарачки на Зоран Заев.

„СЈО уште еднаш се докажа како крајно непрофесионална, необјективна и партизирана институција. Основната цел на Катица Јанева не е правдата, туку слугување на пропагандата на СДС. Дури и бруцош на правниот факултет знае дека во апсурдните обвиненија на Јанева не постојат докази за каков било криминал, а истрагите кои ги отвора се срам за кој било обвинител во светот“, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Никола Груевски посочуваат дека основната цел на Јанева била фс им обезбедува приказни за медиумите под контрола на СДСМ за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости