357
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вели дека на референдумот граѓаните можеле да се изјаснуваат на прашање кое гласи дали се за отфрлање на договорот и продолжување на преговорите со Грција, но тоа, вели Рашковски, не е својствено за оваа власт.
„Да сакаше власта да игра нечесно ќе поставеше референдумско прашање:
Дали сте за тоа да се отфрли договорот и да се продолжи со преговарање со Република Грција, со што ќе се одложи интеграцијата во ЕУ и НАТО?
Но, тоа не е лидерство, кое е својствено за оваа власт“, напиша тој на својот фејсбук профил.