Де Бруин се врати на теренот

by fokus

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Бруин се врати на тренинзите, соопшти денес Манчестер Сити преку својата официјалната веб-страница.

Дваесет и седумгодишниот играч од средниот ред поради повреда на левото колено здобиена на 15 август, беше отсутен од фудбалските терени.

Де Бруин до повредата беше еден од најдобрите играчи на тимот од „Етихад“ и меѓу најзаслужните за освојувањето на шампионскиот трофеј минатата сезона.

За белгискиот национален тим настапи на Светското првенство во јуни/јули и еден месец потоа, само што почна да фаќа ритам со својот клуб сериозно се повреди

Поврзани новости