Рамос пак соиграч на Меси?

by Fokus

Легендарниот шпански дефанзивец, освојувач на сите најважни трофеи во фудбалот, Серхио Рамос и официјално е слободен играч од почетокот на јули откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Првичните информации во врска со 37-годишниот Рамос зборуваа во прилог на приказна од бајките и неговото враќање во Севиља, но сега работите изгледаат поинаку.

Според шпански „Спорт“, Рамос добил понуда од Интер Мајами и моментално е најблиску до одлука да се пресели на Флорида и да игра во американската МЛС лига.

Во Мајами го чека неговиот голем ривал од Барселона, како и неговиот соиграч од Пари Сен Жермен, Лионел Меси, а тука е и поранешниот капитен на „блауграна“ Серхио Бускетс.

Преговорите меѓу Рамос и клубот во сопственост на Дејвид Бекам одат во вистинска насока и може да се очекува зделката наскоро да биде комплетирана.

Поврзани новости