Рами Малек – шампионот на овогодинешните Оскари

by fokus

Рами Малек е награден со златната статуетка за најдобра изведба во главна улога на синоќешното доделување на наградите на американската Академија за филмски уметности и наука. Малек се закити со оскарот за неговата интерпретација на Фреди Меркјури во филмот „Бохемиан Рапсоди“.

Наградата беше очекувана затоа што Малек собра низа награди претходно, вклучуваjќи го и Златниот глобус за најдобар актер.

37-годишниот Малек е првиот актер со египетско потекло кој ја добива златната статуетка во оваа категорија. Тој при тоа одржа мотивациоен говор за потрага по идентитетот.

-За сите оние што се борите со својот идентитето и се обидувате да го откриете својот глас, ние направивме филм за геј маж, имигрант, кој не се плашеше да го живее животот како што сака – порача тој.

Малек и се заблагодари на екипата од „Бохемиан Рапсоди“, но не го спомна режисерот, Брајан Сингер, кој во текот на снимањето беше обвинет за сексуално злоставување, поради што беше заменет со режисерот Декстер Флечер.

Поврзани новости