Аналитичарот и колумнист, Рамдан Рамадани, се обрати на денешниот протест пред паркингот на претседателската резиденција. Тој рече дека не го признаваат Иванов за претседател и дека нема да се откажат од своите барања. Едно од главните барања е повлекување на општата аболиција.
-Аболицијата е срамна работа на овие криминалци кои прикриваа убиства и местеа избори. Ние граѓаните сме тие кои се важни, а не државните објекти. Овие протести ќе продолжат и нема да паднеме на кондиција, бидејќи ова е наша земја и ќе се бориме за слобода и правда, рече Рамадани.
Откако полицијата ги запре демонстрантите пред паркингот на претседателската резиденција, тие се стационираа на улицата, а таму поставија портрет на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој потоа целосно беше обоен.