ГДОМ: Кога тие протестираат пред туѓи домови не се жалат како сега!

by Фокус

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) со реакција се огласи на вчерашните настани, кога група нивни демонстранти доцна синоќа протестирале пред домот на активистот Илија Балтовски.

-За нас демократијата е аршинот. Оние на кои им одговара демократијата и гласот на народот посегаат по двојни аршини. Кога тие напаѓаат тоа е модерен израз а кога истото им се случува ним тоа е напад. Кога тие кои вознемируваа почувствуваат само дел од она што веќе долг период го приредуваат кај битолчани, има жалење и повикување на некои си движења. – вели Стефан Бојаџиев од ГДОМ-Битола.

Инаку, инцидентот се случи вчеравечер, откако по протестите на ГДОМ, стотини демонстранти  дошле пред домот на Балтовски. Тие извикувале недолични пароли, биле вулгарни и ја вознемириле целата улица.

Балтовски е инаку член на невладината „За нас се работи“ и еден од водачите на „Битолското движење“.

Тој порача дека ваквите случувања нема да го заплашат да продолжи да излегува на протести.

Поврзани новости