Рама: За мирно разбирање како членки на НАТО треба да овозможиме да се чуе гласот и на земјите од регионот кои не се членки

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама кој е во посета на Македонија рече дека на средбата со премиерот Димитар Ковачевски освен што дискутиирале за европските интеграции на земјите, дикутирале и за претстојниот НАТО самит кој ќе се одржи во Вилнус овој месец. Тој рече дека двете земји како членки на НАТО заедно со Црна Гора се апсолутно усогласени околу ставовите да се разбираат на мирен начин, но дека треба да овозможат да се чуе гласот и на земјите кои не се членки на алијансата.

„Дискутиравме за НАТО самитот, ние сме апсолутно усогласени во НАТО. Ние сме членки на НАТО во еден регион кој не е мирен и мора да се разбираме и со земјите кои не се членки на НАТО да се слушне и нивниот глас, а кој не е само глас на една земја, туку на целиот регин“, рече Рама.

Тој рече дека на денешната средба се договориле Албанија да претседава со берилнскиот самит, кој ќе се одржи во Тирана, со кој ќе се означат и конкретни начела, за кои работиме со кабинетот во Берлин и паралелно разговараат со европската комисија во Брисел.

„Ни стана многу јасно и за овие точки сосем се согласуваме и од она што извира од секојдневното работење на земјите од регионот на Западен Балкан. Јазот меѓу земјите челенки на ЕУ и нашите земји од аспект на финансиската поддршка е неспоредливо во однос на нашата потреба и неопходноста ЕУ да биде покомактна. Ова е причина од кога почнавме преговори со ЕУ проеактивно соработувајќи како земји особено со Северна Македонија, да ја истуркаме и промовираме оваа наша цел со конкретни бројки“, рече Рама.

Тој додаде дека двете земји не може да се однесуваат како ништо да не се случува и да не го направат тоа што треба, пред се заради своите граѓани. Рама рече дека го виделе односот на ЕУ за време на пандемијата, кога земјите од западен Балкан не ја добиле веднаш ветената помош.

„За време на пандемијата ЕУ не остави како риби без вода и ние моравме да се обраќаме за вакцини заедно со оние што од ЕУ се нарекуваат трети земји. Видовме и што значи и како значи поддршката од ЕУ што потоа ја добивме. Ова бара заеднички приод кон граѓаните, кои не може да бодат од прв или втор ред. Тоа што граѓаните на земјите членки на ЕУ го користат од Унијата не може да се спореди со она што ние на нашите граѓани може да им го понудиме од нашите ресурси колку и да ги зголемиме“, рече Рама и додаде декла пред самиот на берлинскиот процес ќе има неформален состанок во тирана на кој освен Северна МАкедонија и другите земји од Западен балкан се поканети и пријателите од ЕУ за да разговараат за планот за европските интеграции.

„ЕУ има потреба од нас колку што ние имаме потреба од неа“, рече Рама.

 

Поврзани новости