Откажан настапот на Ана Николиќ во Охрид

by Fokus

Концертот во Охрид на српските турбо фолк пејачи Ана Николиќ и Аца Лукас, кој беше најавуван како најголем спектакл ова лето, сепак ќе одржи без Ана.

Како што информира организаторот, Евент Груп, таа не доаѓа на Билјанини извори на 28-ми јули, а дополнително ќе известат кој ќе настапи заедно со Лукас.

-Поради ситуацијата со Ана Николиќ, добро позната на пошироката јавност и доста пласирана во медиумите овие денови, таа нема да биде гостин на концертот на Аца Лукас во Охрид! Следете ги нашите активности за повеќе информации кој ќе ја загрее атмосферата пред настапот на кралот на балканската музика на најдобриот настан ова лето- соопштија организаторите.

Популарната пејачка периодов е актуелна во медиумите, откако се објави нејзино видео на кое зборува дезориентирано, има рани на лицето и се жали дека останала без пари.

Најавениот концерт во Охрид многумина го сфатија како нејзино враќање на естрадата и шанса за надминување на лошата животна ситуација, но најверојатно таа се уште не е подготвена да застане на сцената.

Вики Клинчарова

Поврзани новости