Албанскиот премиер Еди Рама денес ја најави својата нова влада во која жените се мнозинство. Од 17 министерски места, 11 ќе заземат жени.
Притоа, сегашните министри за внатрешни и надворешни работи, како и за одбрана, ќе ги задржат своите места, додека се одредени нови имиња за ресорите финансии, правда, туризам и земјоделство.
Новата влада формално треба да ја потврди парламентот на 10 септември, а дотогаш членовите на сегашната влада на Рама ќе останат на функциите.
Неговата Социјалистичка партија има доволно мнозинство за да обезбеди потврдување на новата влада.
Рама обезбеди трет последователен мандат на парламентарните избори на 25 април, на кои освои 74 места од вкупно 140 во албанскиот парламент.