Рама: Имаме докази дека Иран стои зад кибер нападите

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Разбуди се Америка“ (Wake Up America) се осврна и на кибернападите врз неговата земја извршени од Иран.

– Имаме докази врз основа на доказите на тимот на Мајкрософт и специјализираните американски агенции дека зад нападот стои Иран, кој спонзорираше четири групи, од кои едната е на чело на терористичките кибернапади. Тоа не е обвинение, тоа е факт, изјави Рама.

Од друга страна, додал тој, ние сфативме дека е време да се прекинат сите врски со овој режим.

– Не можеме да дозволиме нивната Амбасада да продолжи да биде во центарот на нашиот главен град и да служи како оперативен центар за овие напади, посочи Рама во емисијата во која гостин беше и Ричард Гренел, поранешен специјален претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина.

Иранската група „Татковинска правда“, која ја презеде одговорноста, на 15 јули ги блокираше сите владини системи, кои беа вон функција три недели.

Вториот напад беше на 9 месецов врз ТИМС системот на граничните премини и системите на државната полиција од кои денеска хакерите почна да објавуваат информации ,кои се класифицирани како строга тајна.

Поврзани новости