Бјелогрлиќ за нападот на режисерот Антониевиќ: Изгубив контрола

by Fokus

Српскиот актер Драган Бјелогрлиќ денеска пред Основниот суд изјави дека на 23 август минатата година во хотел во Ниш, кога го удрил режисерот Предраг Антониевиќ, си ја бранел честа, пренесува „Еспресо.рс“

-За почеток, сакам да кажам дека таа вечер си ја одбранив мојата чест, но на погрешен начин, рече Бјелогрлиќ на почетокот на своето излагање. Згрешив што паднав на провокациите на Предраг Антониевиќ, кои траеја речиси две години. Глумам од 14 години, 45 години сум на јавната сцена, не можеш да најдеш ниту еден вишок од мене. Невозможно е на 58 години да станам силеџија за една ноќ. Колку и да сум свесен за мојата грешка, не сум направил кривично дело, рече тој.

За време на двочасовното излагање на својата одбрана, Бјелогрлиќ опиша дека неговиот однос со Антониевиќ бил коректен и дека дури соработувале во серијата „Убијците на татко ми“, но дека по тоа, повеќе немале деловни односи.

Како што наведе, сè почнало во јануари 2020 година кога Антониевиќ на медиумите им испратил писмо и имејл, наводно испратени од Бјелогрлиќ, во кои Антониевиќ го обвинува за мито и корупција.

Пред инцидентот во Ниш, како што изјави, случајно се сретнале неколкупати кога Антониевиќ го нарекувал со погрдни имиња и повторувал дека припаѓа во затвор.

Кобната вечер Антониевиќ, како што тврди Бјелогрлиќ, непоканет се појавил на прославата на филмската екипа на филмот „Нечиста крв“ и неколкупати ги повторил истите навреди пред луѓето.

-Се упатив кон тоалетот, го слушнав како вели ‘одам во затвор’, изгубив контрола, му пријдов, го прашав до кога ќе ме провоцира и му удрив шамар. Се обиде нешто со стапалата, мрдаше со раката кон мене, јас го фатив за рацете и му зададов уште неколку удари со затворена тупаница“. Нè разделија, отидов да си ја земам јакната, а потоа се случи вториот дел од тепачката. Ме нападна, ме собори на подот и ми зададе неколку удари, а потоа повторно нè разделија“, додаде Бјелогрлиќ, пренесува „Еспресо.рс“.

Поврзани новости