Рама: Албанците се државотворен фактор за опстанокот на Македонија

by fokus 20:21
20:21

Премиерот на Албанија, Еди Рама реагираше на пишувањата на одредени медиуми, дека со формирањето на албанската платформа, Тирана директно се меша во политичките случувања во Македонија и формирањето на новата влада.

Рама вели дека Македонија треба да го промени ставот кон Албанците во земјава, затоа што тие се државотворен фактор кој застанал на вистинската страна од историјата.

– Би сакал кај македонската страна да видам објективитет и реализам. Албанците повеќе не може да се влечат во Владата и зад кочијата на Владата за неколку позиции и возила. Албанците заслужуваат да бидат почитувани исто како и Македонците- порача албанскиот премиер.

 

Поврзани новости