Рама: Албанија и Северна Македонија станаа како ликовите во „Чекајќи го Годо“

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама, во врска со континуираните одложувања на отворањето на пристапните преговори за членство на Албанија и Македонија во ЕУ, двете земји ги споредува со ликовите од драмата „Чекајќи го Годо“, а ЕУ со нејзиниот автор Семјуел Бекет.

-Нашите две земји, Албанија и Северна Македонија, станаа како ликовите во „Чекајќи го Годо“, а ЕУ многу личи на авторот Семјуел Бекет. Италија беше наш верен поддржувач цело време. Прво Ренци, потоа Гентилони, па Конте и особено Ди Мајо не можеа да се ангажираат повеќе од тоа за да потврдат дека заслужуваме отворање преговори. Но, ЕУ е далеку од стратешки потег и премногу често изборите во една или друга земја се поважни од целите за иднината на идната генерација на Европа, изјавил Рама за италијанската новинска агенција АНСА.

Поврзани новости