Радев: Се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија

by Fokus

Се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија. Ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат. Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени. Тоа го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

– Очекувам одговорност од сите нив, сакам да видам јасна посветеност на бугарскиот Парламент и ќе биде јасно кој работи за народот и кој сее хаос, нагласи тој.

На прашањето на која политичка сила ќе му го предаде третиот мандат, откако има најава дека вториот ќе биде вратен од ГЕРБ-СДС, Радев одговори дека ќе одлучи откако ќе се запознае со идеите на партиите за формирање влада.

– Буџетот е првиот важен чекор што треба да го преземе сегашното Национално собрание. Ова е главната причина за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност, изјави Радев.

Поврзани новости