529
Бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека неговата држава нема да испрати оружје во Украина затоа што, истакнува тој, не сака да се убиваат луѓе со бугарско оружје.
Радев кажа дека секој ден од оваа војна е загуба за цела Европа, а неговата држава, иако е дел од НАТО и нивните одлуки, сепак не сака да обезбеди оружје.
-Не сакам да се убиваат луѓе со бугарско оружје, тоа е недозволиво – кажа Радев.