Русија ги напушта светската трговска и здравствена организација

by Фокус

Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација и Светската здравствена организација, изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.

„Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат“, Толстој.

Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа, и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.

Поврзани новости