Британски новинар објавува книга за Меган Меркл: Таа дојде од никаде и ги тргна сите од својот пат!

by Фокус

Книгата за Меган Маркл (40), која ја пишува британскиот новинар и истражувач Том Боуер, наскоро ќе биде промовирана, јавуваат британските медиуми.

Се работи за дело на новинарот кој и во минатото објавуваше неовластени биографии, најчесто за големи тајкуни и светски популарни ликови, како Мохамед Ал Фајед, Ричард Бренсон, Борис Џонсон и други.

Во интервју за Клосер.Ук авторот на биографијата вели дека Меган ќе биде многу посрамена, затоа што нејзиниот татко Томас Маркл и полубратот Томас Јуниор ќе откријат многу детали за неа кои биле непознати за јавноста.

-Таа дојде од никаде и ги газеше другите за да стигне до врвот, појаснува новинарот, додавајќи дека содржината на книгата ќе биде големо изненадување за јавноста.

Според него, многу од луѓето кои ја познавале Меган, а кои ги интервјуирал додека ја пишувал книгата, се плашеле да разговараат со него.

-Беше многу, многу тешко, бидејќи луѓето се плашеа да зборуваат, а таа и нејзините адвокати направија се што можат за да ги замолчат. Сепак, успеав да дојдам до многу информации. Приказната е одлична, се работи за една жена која дојде од никаде и сега е светска фигура, која ги тргна сите од својот пат. Меган е типичен лик, како и останатите за кои избирам да пишувам, било да се работи за политичар или тајкун – открива Боуер.

Меган, која заедно со сопругот, принцот Хари и нивните две деца живее во Калифорнија, според пишувањата во медиумите, била доста вознемирена од најавената промоција на книгата, бидејќи авторот е познат како темелна личност, и кога е неговата истражувачка работа во прашање, го опишуваат како човек кој ќе го преврти секој камен за да дојде до информации.

Вики Клинчарова

Поврзани новости