Радев: Македонија да покаже европска зрелост

by Фокус

Бугарскиот претседател Румен Радев, на денешната средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, истакнал дека со Македонија очекува активен билатерален дијалог на високо ниво, во кој, како што посочил, ќе се решат спорните прашања во билатералните односи.

„Македонија треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на Европската Унија со преземање конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, во медиумите, за да се запрат фалсификувањата на бугарското културно-историско наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет“, истакнал Радев пред Штајнмаер.

Поврзани новости