Полицијата казни 386 возачи, најмногу поради паркирање и неносење маска

by Фокус

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 386 мерки.

Притоа, како што соопшти МВР, 33 санкции биле за возење без возачка дозвола, 41 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за управување под дејство на алкохол, 72 за непрописно паркирани возила и 70 за неносење заштитна маска.

Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и воедно информираат дека од утре почнува обврската за носење на зимска опрема.

Поврзани новости