739
Работните групи за имплементација на договорот од Пржино продолжуваат и денеска со работа. Вчера ДУИ ги отвори етничките прашања пред работната група.
На вчерашниот состанок гостин беше и европскиот дипломат Питер Фејт, кој презентирал анализа до каде е спроведувањето на рамковниот договор.
Освен анализата на Фејт, вицепремиерот Фатмир Бесими го презентирал акцискиот план на Владата во однос на реформите кои треба Владата да ги спроведе согалсно договорот од Пржино, извештајот на европската комисија и на Прибе.