МЦЕО: За во ЕУ треба мала и ефикасна администрација

by Фокус 20:39
20:39

Македонскиот центар за европско образование објаснува дека според мадридскиот критериум,  ако сакаме да бидеме дел од Европската унија ќе мора да имаме мала и ефикасна јавна администрација, а не ваква како сегашната.

-Приватниот сектор во 2009 година требало да работи единаесет месеци за да го одржи јавниот апарат, а со новите вработувања теретот е зголемен, велат од Македонскиот центар за европско образование.

- Advertising -

Според неофицијални информации, на еврокомесарот Јоханес Хан при посетата на Македонија му било кажано дека администрацијата брои 185,000 вработени и тоа без јавните претпријатија. Министерството за информатичко општество и администрација ја демантираше оваа бројка и соопште дека целиот државен апарат брои 128.253 лица.

Поврзани новости