388
На 31.01.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник.
„Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.