Работната група која треба да ги подготви уставните измени на денешната седница ја усвоила Предлог иницијативата за потребат од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Како што соопштија од работната група, предлогот ќе се достави до Владата, која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието, каде ќе ги помине сите работни тела.
-Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, имаше презентација на едни, на други аргументи, но она што е најважно е дека се согласивме со она што е предлог за пристапување кон измена на Уставот на РСМ со одредени насоки, изменувања и дополнувања таму каде што треба. Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ – изјави по состанокот претседателката на работната група Маргарира Цаца Николовска.