Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

by fokus

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост за злоупотреба на службената положба при јавни набавки која произлезе по неодмана донесените измени.

Академикот Владо Камбовски, за Сител вели, слична измена предвидува и новиот закон, ама последната интервенција во Кривичниот законик иницирана од владата е зачинета со политички договор. Сепак, таквата неказнивост нема да опстои во новиот закон. Злоупотребата во спроведување тендери ќе се регулира со посебен член.

„Сигурно дека ќе инсистираме на она што е наш предлог како работна група, посебно за делото 353 за кое во новиот текст, точно, избришан е ставот 5 кој стана проблематичен, но затоа е дадено едно посебно кривично дело на злоупотреба на службената должност при вршење на јавни набавки. Така што, ако се избрише ставот 5, мора да оди тоа кривично дело, инаку би останала една тешка форма на злоупотреба. Не дека нема да е казнета, тогаш сторителот ќе одговара за општото дело на злоупотреба, но нема да биде тоа дело одмерено, односно, вината на сторителот одмерувана според степенот на штетноста, односно, со построга казна. Така што, не ќе може да остане вака како што е да виси, значи да нема сега потешко казнување за злоупотреба при врешење на јавни набавки“, вели Владо Камбовски.

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Поврзани новости