СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија

by fokus

Христијан Мицкоски не може да ги релативизира неговите анти ЕУ и антизападни политики се додека го блокира продолжувањето на европскиот пат на земјата и членство во ЕУ. Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, реагира владејачката СДСМ на денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

-Не треба за тоа никаква експертиза, тоа е апсолутен факт. Продолжувањето на европскиот пат и интеграцијата во ЕУ го блокира токму ДПМНЕ во македонското Собрание. Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО.

Мицкоски е единствениот политичар кој не аплаудираше на усвојување на Договорот во македонското Собранието кога се верификуваше нашето членство во НАТО. Денеска Мицкоски е во целосно заложништво на проруската Левица. Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција, се вели во реакцијата.

Поврзани новости