Путин: За вакцинираните лотарија за коли и станови, другите нема да можат да работат

by Fokus

Кремљ објави дека луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19 и оние кои не стекнале имунитет, нема да може да работат на сите работни места во Русија.

-Стварноста е таква што сигурно ќе дојде до дискриминација. Невакцинираните и оние без имунитет нема да можат секаде да работат. Тоа не е можно. Би претставувале опасност за сите околу себе, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот предупреди дека ситуацијата со корона вирусот во некои руски региони се влошува, а властите почнаа да промовираат кампања на вакцинирање за да го сузбијат бранот на ширење на заразата.

Во Русија денеска забележани се 546 починати од последиците на Ковид-19, што е најголем број потврдени во еден ден од февруари, и 16.715 новозаразени во 24 часа, со што се продолжува драматичниот пораст на случаи што властите го припишуваат на ширењето на делта варијантата на вирусот.

Властите настојуваат да ги наговорат и да ги натераат луѓето да се вакцинираат нудејќи им за возврат шанса за освојување на автомобили и станови. На оние кои не примиле вакцина и одбиваат тоа да го направат, им се закануваат намалени приходи и откази.

Кремљ во петокот, наглото зголемување на новозаразени го припиша на неодлучноста на луѓето да се вакцинираат, а чија појава е припишана на нифилизмот.

Русија произведе и одобри четири вакцини против Ковид-19, а водечката „Спутник В“ ја продаде во многу земји.

Поврзани новости