Турската вакцина за Ковид-19 во трета фаза на испитување

by Fokus 22:31
22:31

Во Турција денеска почна третата фаза од испитувањето на вакцината против Ковид-19, што треба да биде достапна за употреба до крајот на годината.

– Не е познато колку ќе трае ова болест и колку мутации ќе има. Од пресудно значење е да имаме своја вакцина против оваа болест, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на вакцинацијата на првиот доброволец во третата фаза од испитување на турската вакцина против Ковид-19.

- Advertisements -

Ердоган турската вакцина ја нарече Турковак.

Во Турција лицата над 25 години имаат право да се вакцинираат, а граѓаните се имунизираат со Синовак, Фајзер и Бионтек. Анкара издаде одобрување за итна употреба на руската вакцина Спутник В.

Поврзани новости