678
Рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање до нацијата рече дека ако некој мисли дека ќе изврши воено злосторство убивајќи Руси и притоа ќе помине само со забрана за увоз на домати, се лаже. Предупреди дека Турција ќе жали за соборениот авион уште долго.
-Ние бевме подготвени да соработуваме со Турција за најчуствителните прашања за нив. Само Алах може да знае зошто го сторија тоа. Алах одлучи да ги казни турските лидери, одземајќи им го умот и расудувањето, рече Путин.
Откако беше соборен рускиот авион, Русија воведе еконономски блокади за Турија, го укина безвизниот режим и ја откажа изградбата на гасоводот „Турски тек“.