442
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред толпата граѓани на Црвениот плоштад по потпишувањето на анексијата со која беше официјализирана руската анексија на четири окупирани региони во Украина.
– Денеска е историски ден, ден на вистината и правдата, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека неговата земја „го отвора своето срце“ за Украинците и ги дочекува дома – повторувајќи го своето верување дека Украина е дел од Русија.
Путин го заврши својот говор со зборовите „Победата ќе биде наша“.