Макрон: Ова е сериозно кршење на меѓународното право

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон „силно ја осудува“ анексијата од Русија на четири региони во Украина, нарекувајќи го потегот „нелегален“, соопшти неговиот кабинет.

„Ова е сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Украина“, соопшти Кабинетот откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави анексијата.

Од Кабинетот на Макрон додаваат дека „Франција се противи на тоа и стои заедно со Украина против руската агресија“.

Поврзани новости