428
Списанието „Форбс” ја објави овогодишната листа за највлијателните луѓе на светот во 2016-та година.
Првото место, веќе четири години по ред, го зема рускиот претседател Владимир Путин, кој „го шири своето влијание во скоро секој агол од светот”.
-Во својата земја, во Сирија, во изборите во САД, рускиот претседател се уште успева да добие се што сака – пишува Форбс.
Веднаш после него, на второ место се најде новиот американски претседател Доналд Трамп, а на трето место е германската канцеларка Ангела Меркел.