Арсова: Корумпираната општина Охрид ќе гради хотел во зелениот појас во Лагадин

by fokus

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и познатата алпинистка и активистка за заштита на природните богатства, Илина Арсова, предупредуваат дека во охридската населба Лагадин ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас, пренесува Мета.

-И покрај приговорот што жителите на Лагадин го потпишаа со 99-процентно учество, противејќи се на урбанизацијата на крајбрежјето и на непланското менување на деталниот урбанистички план, односно, по ново, општиот акт за село Лагадин, и покрај сите препораки на УНЕСКО и на Министерството за животна средина, урбаната мафија во соработка со корумпираната Општина Охрид продолжува по свое. Ќе се гради хотел во инаку заштитениот зелен појас во населба т.е. село Лагадин – вели Арсова.

Екологистите се особено изненадени што градителите се поддржани и од холандскиот тур-оператор ТУИ, кој во светот пропагира заштита на природата.

Поврзани новости