-Дали сфаќате што направивте? Извозот на таканаречените демократски револуции продолжува, додека меѓународната заедница не успева да учи од грешките што веќе се направени, се обрати рускиот претседател Владимир Путин на генералната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Тој оцени дека соработката со терористите на Блискиот Исток довела до оружени судири и дека несоработката со сирискиот претседател Башар ал-Асад е голема грешка, зашто тој е борец против тероризмот.
-Сметаме дека е огромна грешка одбивањето да се соработува со сириската влада и со нејзините вооружени сили, кои храбро се борат против тероризмот лице в лице. Конечно треба да признаеме дека никој освен вооружените сили на претседателот Асад и курдската милиција не се бори навистина со Исламска држава и со другите терористички организации во Сирија, рече Путин.