Обама: Нема да стоиме настрана додека Русија го прекршува интегритетот на Украина

by Фокус 19:28
19:28

-Светот не може да стои настрана додека Русија ги прекршува интегритетот и суверенитетот на Украина. Ако нема последици за руската анексија на Крим, тоа би можело да ѝ се случи на која било земја во ОН, рече денеска американскиот претседател Барак Обама во обраќањето во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Обама рече дека за да ја заштити својата земја и нејзините сојзуните, ако треба ќе употреби и сила.

- Advertisements -

-Ја предводам најмоќната армија што светот кога било ја видел. Нема да се двоумам да ја заштитам мојата земја и нашите сојузници и со употреба на сила, ако е потребно, рече Обама.

Тој вети дека ќе ја продолжи борбата против терористичката организација Исламска држава, но се заложи и за транзиција што не би го вклучувала сирискиот претседател и ги осуди земјите што ги поддржуваат лидерите како Асад, кого го обвини за убивање деца.

Поврзани новости