Нема напредок за изборната регулатива

by Фокус

И по денешната средба работните групи за спроведување на договорот од Пржино нема напредок за изборната регулатива. Единствената точка за која се согласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: активна регистрација на гласачите сега се проблематизира од страна на ДУИ. Тие сметаат дека со оваа мерка може да се оптовари избирачкиот процес и да се оневозможи гласање кај илјадници граѓани кои привремено се во странство.

Прашање за кое партиите се најдалеку од договор е гласањето на дијапосрата. СДСМ смета дека гласот треба да биде со еднакво значење, што не е исполнето што сегашниот модел по кој гласа дијаспората. ВМРО-ДПМНЕ пак, како што обелодени премиерот, смета дека сегашните три пратеници се малку, па дијаспората треба да добие дури дваесет претставници во Парламентот.

Паралелно со изборните правила, во наредните денови ќе се разговара и за деполитизација на медиумите и Анкетната комисија за прислушувањето за која исто така, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се далеку од договор. Изборната регулатива треба да биде договорена најдоцна до 6 октомври.

Поврзани новости