643
Рускиот претседател Владимир Путин им порача на аптеките дека ќе им биде одземена дозволата за работа доколку ги зголемат цените на заштитните антивирусни маски.
Русија, која минатата недела ги пријави првите два случаи на коронавирусот, веднаш ги врати своите туристи од Вухан, епицентарот на епидемијата, назад во матичната земја.
Путин го ограничи и преминувањето на патници во должина од 4.300 километри на руската копнена граница со Кина.