Во Кампот на слободата од денеска во 19 часот ќе биде активиран пункт за собирање донации за помош на азилантите кои проаѓаат низ Македонија.
Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада, ќе биде отворен до крај на неделата, а ако е потребно и потоа.
За помош на граѓаните кои проаѓаат низ Македонија, може да се донираат пилешки паштети, кроасани, енерџи барови/урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња, пелени.
Вечерва модератор на дискусијата„Да им помогнеме на азилантите во Македонија“, која ќе трае од 19 до 20.30 часот, модератор ќе биде Адмир Фазлагиќ, новинар, а ќе учествуваат Јасмин Реџепи, граѓански активист и член на НВО „Легис“, Александра Давидовска, граѓанска активистка и Блерта Дачи, граѓанска активистка.
Од 20.30 до 22 часот ќе има караоке со Коста Каранфиловски.