Актерката Ристиќ бара објаснување од СОНК за нејзината експресна замена во Синдикатот на Драмски театар

by Фокус

Откако пред неколку денови, актерката Ирена Ристиќ експресно ја сменија од претседател на Синдикатот на Драмски театар и на нејзино место го ставија режисерот Сашо Миленковски, таа денеска се обрати до СОНК и неговиот претседател Јаким Неделков. Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост:

Согласно моето активно членство во СОНК и фактот дека досега немало на дневен ред на СОНК и на синдикалната организација точка за мое исклучување, поради непочитување на одлуките на СОНК и Статутот, Ве молам за писмена достава на – Записник од седницата на која бев едногласно избрана за нов претседател на синдикатот на Драмски (27 присутни активни членови), како и од онаа на која се решаваше за поништување на истиот избор за претседател на СОНК при Драмски театар.

Исто така, и примерок од писмената одлука на СОНК, со правно образложение за поништувањето, точните забелешки за кршење на Статутот (согласно член 16, став 2 од Статутот, наведени како причина), како и правна поука за моето право на жалба по однос на новодонесената одлука за ново заседание и избор на нов Претседател.

Во исто време, имајќи предвид дека не се приложени никакви докази за кршење на Статутот од моја страна, напротив не може да се избегне впечатокот дека се верувало само на збор на четворицата членови кои поднеле приговор, Ве молам за достава на материјални докази и четирите приговори, секако, врз кои се потпрел СОНК при поништување на изборот, на кој едногласно, нагласувам – едногласно, и без никакви притисоци од моја страна, бев избрана за Претседател за горенаведениот синдикат.

 

Поврзани новости