СДСМ: Груевски мора да се повлече, нема пазарење со слободата и демократијата

by Фокус

Од опозицискиот СДСМ иззлегоа со соопштение дека разговорите во Брисел завршиле без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори. Според нив не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски.

Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори. Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја. Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија.Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.Никола Груевски мора да се повлече – се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости