480
Откако во пукањето во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен загинаа најмалку 15 лица, пукотниците продолжија во метрото. Напаѓачот или напаѓачите од трговскиот центар избегале кон метрото, а сега и таму се слушаат пукотници.
Според досегашните информации, има најмалку 15 загинати, а полициската акција е во тек. Полицијата ја затвори областа околу трговскиот центар „Олимпија“, кој е најголем во Баварија, а на вработените не им се дозволува да излезат од продавниците.