400
Едно лице загина, а две се повредени денеска во хотел во Приштина, објави Газета експрес.
Според портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во хотел во населбата Арберија во Приштина.
На местото веднаш пристигнале полициски единици и медицинска екипа, додаде Ахмети.
Според првичните податоци едно лице се здобило со прострелни рани и починало на лице место, а лекарската екипа ја констатирала смртта.
Две лица се повредени и испратени во болница.
Полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со настанот.