Пукање во Ченто по сообраќајна незгода

by Фокус

Денеска попладне, Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ во Ченто имало пукање, при што едно лице било повредено од огнено оружје.

Полициски службеници констатирале дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавителот, и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(20) од Скопје, настанала вербална расправија и физички напад.

Потоа, според пријавaтa, едно лице извадило пиштол и испукало куршум при обид да му биде одземен, при еден од присутните се здобил со повреда.

Поврзани новости