Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), чиј претседател е Самка Ибраимоски, денеска реагираше на обелоденувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека партиски функционери од власта неовластено користеле возила и обезбедување од МВР. Споре, ПЦЕР, тие што имале обезбедување од МВР кое законски не им следува, треба да ги платат трошоците.
-Треба да се укинат сите такви луксузи за луѓе на коишто не им следува обезбедување од МВР. Воедно партијата го повикува министерот Спасовски да им фактурира на сите што незаконски користеле обезбедување од самиот почеток се до крајот. Износите и временскиот период да се утврдат со вештачење, се вели во реакцијата на ПЦЕР.
Партијата исто така бара да се преземат санкции и против налогодавачот, а да сведочат тие што биле во обезбедувањето.