Партијата за целосна еманципација на Ромите денеска испрати соопштение во кое потсетува дека пред неколку недели посочиле дека претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев треба да одговара за угледот на тие граѓани на Македонија, кои се новинари, професори, академици, судии, адвокати, кои ги лустририраше и кажуваше дека постојат докази.
-Им порачуваме на сите наши граѓани кој се лустрирани и за кои Управниот суд ги поништи одлуките на Комисијата за лустрација да бараат надомест на штетеа и углед лично од претседателот на комисијата Томе Аџиев и членовите кои гласале по наредба на Власта, односно ВМРО ДПМНЕ, велат од ПЦЕР.
Тие бараат Судот да изврши заплена на имот на Аџиев и да се надомести штетатата на овие угледни граѓани на Македонија, и да се стави крај на институциите и лицата кои се инволвирани и кои по наредба ги извршувале и донесувале несодветни и неправични одлуки.