ПЦЕР: ОЈО уште еднаш ги покажа двојните аршини

by fokus 20:58
20:58

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагираше, откако Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори случај за истражителот на СЈО, бидејќи фотографирал објект, за кој имал индиции дека е во сопственост на поранешниот началник на тајната полиција, Сашо Мијалков.

-Ако ОЈО реагира со ист аршин без разлика кој и да е,зошто се уште не рагира на нашата пријава за бившиот министер на труд и социјала Диме Спасов кој остави еден куп семејства без социјална помош која им е едниствена егзистенција и приход,поради трансферот на пари преку „Вестерн унион“. Од пријавата нема ни трага ни глас. Со вашето однесување деновиве покажавте како ОЈО дека сте наклонети сто процентно кон власта – велатт од ПЦЕР.

- Advertisements -

ПЦЕР бара, Специјалното јавно обвинителство што е можно поскоро да обелодени кој прислушувал и да стави крај на лагите и манипулациите на власта.

Поврзани новости